НАТО: Брзото распаѓање на редовните сили на Авганистан е трагедија

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Трагедија е што авганистанските безбедносни сили се распаднаа толку брзо, оцени денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Има многу тешки лекции што може да се научат по најновите настани во Авганистан“, рече Столтенберг за „BBC World News“.

Столтенберг ја обвини авганистанската влада за неодлучноста и лошото управување со државата и логистиката, а ги нарече војниците „храбри и професионални“.

Генералниот секретар на НАТО рече дека Северноатлантската алијанса влегла во Авганистан по нападот врз Соединетите држави на 11 септември 2001 година и посочи дека сега, кога САД одлучија да го прекинат военото присуство во Авганистан, тоа не е практична опција за преостанатите европски сојузници.