Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека треба да се направат напори за преговори со талибанците кои ја презедоа контролата врз Авганистан.
Меркел одржа прес -конференција со рускиот претседател Владимир Путин по средбата во Москва.
Таа се осврна и на настаните во Авганистан.
„Жално е што Талибанците ја презедоа контролата врз земјата. Но, тоа е реалноста“, рече Меркел.
Таа додаде дека Талибанците добиле поголема поддршка од посакуваната.
„Сепак, треба да се обидеме да преговараме со Талибанците. Треба да им помогнеме на оние кои се опасни по живот да ја напуштат земјата“, рече Меркел.
Побара од Русија да разговара за хуманитарната помош на Обединетите нации (ОН) за Авганистан во разговорите со Талибанците.
Таа потсети како американските сили и НАТО влегоа во Авганистан пред 20 години.
Се осврна и на прашањето за Донбас, во источна Украина, нагласувајќи дека има стагнација во процесот на решавање на ова прашање. Потсети на чекорите поврзани со интензивирањето на активностите во рамките на Нормандискиот формат (Украина, Русија, Германија и Франција).
Смета дека, кога станува збор за Донбас, Договорите од Минск треба да се спроведат.
Истакна и дека Русија го анектираше Крим и посочи дека тие го поддржуваат територијалниот интегритет на Украина.
Зборувајќи за Либија, Меркел изјави дека Конференцијата за Либија се одржала минатата година во Берлин.
„Неопходно е да се применат резултатите од Конференцијата во Либија, и странските платеници да ја напуштат Либија и да им овозможат на Либијците слободно да ги реализираат своите планови за својата иднина“, рече Меркел.
Се осврна и на случајот со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој беше лишен од слобода, и рече дека во разговорот со Путин побарала негово ослободување.
Се разговарало и за климатските промени и двајцата лидери се согласиле дека е потребна заедничка борба за ова прашање.