Фон дер Лајен: ЕУ не ги признава Талибанците, ниту пак разговара со нив

од Nikola Popovski
193 прегледи

Европската унија не ги признава Талибанците, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и посочи дека ЕУ не води политички разговори со милитантите.

„Многу добро слушаме што велат Талибанците, но ќе им судиме според нивните постапки“, рече Фон дер Лајен по посетата на прифатниот центар во Мадрид за евакуирани Авганистанци кои работеа за институциите на ЕУ во Кабул.

Фон дер Лајен рече дека ќе побара повеќе хуманитарна помош од 57 милиони евра, колку што ЕК годинава определи за Авганистан, објави Ројтерс.

Таа рече дека помошта од ЕУ е насочена кон почитување на човековите права, добар третман на малцинствата и почитување на жените и девојчињата.

Слични содржини