252
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави дека во моментот има 5.000 мигранти во прифатните центри, и тие не се само од Авганистан.
„Само промена на власта нема да влијае толку на зголемувањето на бројот. Тоа е 7.000 километри, не е така едноставно. Ова заминување од Авганистан не е невообичаено, се случува со години“, рече тој како гостин на „Јутро“ на ТВ Прва.
Вулин, исто така, нагласи дека ниту еден Авганистанец не сака да остане во Србија, истото важи и за оние од Сирија.
„Ние сме само транзитна земја, никој од нив не сака да остане тука“, беше јасен министерот.