Вилијам Барнс, директор на Централната разузнавачка агенција, се сретна со талибанскиот водач Абдул Гани Барадар во понеделникот во Кабул, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани американски функционери кои сакаle да останат анонимни.
Лидерите на земјите од Г-7 ќе разгледаат дали ќе побараат од Талибанците да го продолжат рокот за евакуација од Кабул по 31 август, што властите на Исламскиот емират на Авганистан го поставија како „црвена линија“, пренесува Ројтерс.
Во Кабул, уште 13.000 луѓе се уште чекаат на ред да избегаат од Авганистан.
Европската унија го евакуираше целиот свој персонал од Авганистан, освен некои службеници кои сe уште работат на аеродромот во Кабул, изјави портпаролот на Европската комисија.
Сите лица што требаше да бидат евакуирани беа евакуирани. „Сe уште имаме некои службеници на аеродромот да управуваат со она што треба да се управува, но персоналот од делегацијата на ЕУ и нивните семејства се евакуирани“, изјави портпаролот на новинарите во Брисел, пренесe Ројтерс.
Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди денеска во телефонски разговор разговараа за развојот на настаните во Авганистан, објави прес -службата на Кремљ.
„Рускиот претседател и индискиот премиер разменија мислења за ситуацијата во Авганистан и ја поддржаа важноста од координираните напори насочени кон воспоставување мир и стабилност во оваа земја, што е услов за обезбедување на безбедноста на регионот во целина. Се вели во соопштението на Кремљ.
Се наведува дека Путин и Моди се согласиле да ја зајакнат соработката во борбата против ширењето на тероризмот и заканата од дрога што доаѓа од територијата на Авганистан.