Ќе се разгледува можност ПЦР тестови да се прават на граница при влез во државата

од Берта Китинска
343 прегледи

Властите најавуваат дека би можело да се разгледа можноста македонските државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се вацинирани или немаат ПЦР – тест за да не одат во седумдневна изолација, да се воведат тестови кои ќе се прават на самата граница при влез во државата.

Министерот за здравство денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата. Меѓутоа тоа, како што рече, најмногу зависи од кадарот, бидејќи тие се ангажирани за вакцинацијата на граѓаните.

Слични содржини