Експлозија пред аеродромот во Кабул: Се разнесе бомбаш-самоубиец?

од Nikola Popovski
249 прегледи

Силна експлозија одекна во близина на аеродромот во Кабул, потврди Пентагон.

Очевидци велат дека бомбаш самоубиец се разнел. Според извештаите на медиумите, во нападот се повредени најмалку 15 лица.

Според странските медиуми, наводно мета била портата на аеродромот, Хамид Карзаи.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на Твитер потврди дека имало експлозија на аеродромот. Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за настанот.

Би-Би-Си јавува дека експлозијата се случила на една од влезовите каде што се наоѓаат британските војници. Тоа била една од трите порти што се затвориле по предупредувањата за терористичка закана.

Слични содржини