СКАНДАЛ ВО КАБУЛ: Американците им оставиле на Талибанците список на Авганистанци и странски лица кои ќе бидат застрелани?

од Nikola Popovski
266 прегледи

Британскиот портал „Политико“ објави информација дека американските војници доставиле список со американски државјани, но и Авганистанци кои треба да бидат евакуирани од Кабул до Талибанците, со што практично им се оставил список за стрелање на лица.

Во последните денови, десетици илјади Авганистанци и странски државјани беа евакуирани од Кабул, а во меѓувреме, американската армија ја презеде контролата врз аеродромот, додека Талибанците се вооружени насекаде околу него.

Како што беше претходно најавено, крајниот рок за евакуација на граѓаните е 31 август, а Талибанците се закануваат дека тој не смее да биде продолжен. Со сите немири, вчера се случи бомбашки напад на влезот на аеродромот. Според неофицијални информации, загинале 90 луѓе, но се верува дека бројката е сепак поголема.

Ова создаде дополнителна паника, како да се напушти Авганистан бидејќи на сите им е јасно што ќе се случи со сите Авганистанци кои работеле за бројни странски мисии и организации во последните дваесет години. Некои веќе се убиени или „мистериозно исчезнаа“, а според познавачите на ситуацијата, бројката воопшто не е мала.

Многумина се прашуваат како чувствителните списоци со нивните имиња паднаа во рацете на Талибанците. Според Американците, ова е направено намерно, односно, како што рекоа, со намера евакуацијата да се изврши подобро, бидејќи Талибанците не дозволуваат никому да се приближи до аеродромот.

Американските власти им предадоа на Талибанците список со имиња на американски државјани, носители на зелена карта и авганистански соработници за да им биде дозволен влез во надворешниот дел на аеродромот во Кабул, контролиран од војската, објави порталот „Политико“.

Запрашан да ги коментира овие информации, Бајден за време на вчерашната прес-конференција рече дека не е сигурен дали има такви списоци, но, исто така, не негираше дека САД понекогаш им предале имиња на Талибанците.

Според британски „Тајмс“, се дознало дека вработените во британската амбасада во Кабул, бегајќи во паника, оставиле и папки со имиња на лицата кои работеле за нив, со сите нивни телефонски броеви.

Слични содржини