360
Лидерот на Левица Димитар Апасиев на денешната прес-конференција рече дека нивните анкети покажале дека Петар Георгиевски ќе влезе во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Скопје.
-Сега за сега анкетите се отпимистички, односно, Перо Камиказа влегува во втор круг, а потоа што ќе се прави ќе се види во тие две недели пред тој да се одржи, истакна Апасиев.
Георгиевски вели дека тој е независен кандидат, но нема да собира потписи поради пандемијата на ковид-19, а неговата кандидатура ќе биде поднесена преку партијата Левица.