Ескобар на местото на Палмер, функцијата ќе ја преземе од 7-ми септември

од Nikola Popovski
434 прегледи

Дипломатот Габриел Ескобар, кој е заменик -амбасадор на САД во Србија, потврдил за Танјуг дека ќе ја преземе новата должност од 7 септември – функцијата претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Ескобар на таа позиција ќе го замени Метју Палмер.

-Назначувањето е официјално, а ќе ја преземам функцијата на 7 септември“, рекол Ескобар за Танјуг.

На својата нова позиција, Ескобар ќе биде задолжен за решавање на бројни прашања на Западен Балкан, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој важи за одличен познавач на Балканот, а велат дека е непристрасен дипломат.

Две години, од август 2019 година, Ескобар беше заменик -амбасадор на САД во Белград, до доаѓањето на Ентони Годфри, тој беше известувач за работа, односно тој беше на чело на американската дипломатска мисија во Србија.

Претходно служел во Багдад.