Организирале матурска прослава со жива музика во време на пандемија

од Nikola Popovski
317 прегледи

МВР поднесе кривични пријави против угостителски објект и 30-годишник од Делчево, поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи.

Како што велат од полицијата, на 20 мај годинава пријавените овозможиле организирање матурска забава на матуранти од средно училиште од Делчево со присуство на жива музика, што било спротивно на одлуката на Владата со која сите угостителски објекти од 28 април до 15 мај беа затворени за посетители по 20:30 часот и не беше дозволено организирање прослави.

Слични содржини