БМВ удри во велосипедист

од Берта Китинска
288 прегледи

Во СВР Тетово во 10.20 часот било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(35) од Тетово, удрило во велосипед управуван од Ј.П.(65) од Тетово. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од  СВР Тетово.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово.