Во шума околу бегалски центар во близина на Варшава, семејство од Авганистан кое штотуку пристигнало во земјата, берело и јадело печурки кои се едни од најотровните во светот. Поради компликации, починало петгодишно момче, а истовремено , неговиот шестгодишен брат, кој јадел од истите печурки, имал трансплантација на црниот дроб и сега се бори за живот во детска болница, пренесува Скај њуз.
Момчињата биле примени во болницата минатата недела заедно со нивната 17-годишна сестра. Подоцна била пуштена во добра состојба.
Постариот брат бил подложен на успешна трансплантација на црн дроб по труењето, но претрпел значителен губиток на крв и има пасно по живот оштетување на мозокот. Лекарите соопштиле дека на нивните родители им била пружена психолошка нега, додека некои членови на семејството биле хоспитализирани на друго место и сега се опоравуваат.
Таткото на момчето, кој работел за Британија и Лондон, побарал од Полска да ги евакуира од Авганистан.