Унгарија приведе 400 мигранти за еден ден

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Унгарската полиција изминатиот ден уапси дури 400 илегални мигранти кои беа пронајдени на територијата на земјата.

Воените и полициските патроли на соседната земја, во близина на заштитната ограда на унгарско-српската граница, спречија уште 85 лица илегално да ја преминат границата.

Најголем број мигранти беа уапсени во две окрузи што граничат со Србија-227 лица во градови и села во округот Бач-Кишкун и 124 лица во округот Чонград-Чанад.

Повеќето од уапсените кои не можат да го докажат својот легален престој во Унгарија се Сиријци и Авганистанци, а имало и државјани на Индија, Пакистан, Тунис, Јемен, Камерун, Алжир, Либан, Мароко, Палестина, Турција, Египет и Либија.

Во согласност со унгарските прописи, полицијата, по сослушувањето, ги спроведува илегалните мигранти до оградата на унгарско-српската граница.

Вчера унгарската полиција уапси и девет лица кои криумчареле мигранти, против кои е покрената кривична постапка за трговија со луѓе.

Слични содржини