ЕМА започна истрага за „Фајзер“: Дали воспалението на повеќе органи има врска со вакцинацијата?

од Nikola Popovski
1,8K прегледи

Европската медицинска агенција (ЕМА) објави дека ги испитува можните врски помеѓу ретка воспалителна состојба по вакцинацијата, бидејќи таков случај е пријавен по приемот на вакцината „Фајзер“.

Според ЕМА, се испитува дали постои ризик од мултисистемски воспалителен синдром по вакцинација против коронавирусот.

Истрагата е започната откако тинејџер (17) во Данска пријавил воспаление кратко време по вакцинацијата.

ЕМА го опишува синдромот како „сериозна воспалителна состојба која влијае на многу делови од телото, а симптомите вклучуваат замор, постојана треска, дијареа, повраќање, болки во стомакот, главоболка, болка во градите и тешкотии при дишењето“.

Ваквата состојба била пријавена кај луѓе заболени од Ковид-19, но младиот човек од Данска го немал и после забележаните симптоми, целосно се опоравил.

ЕМА наведува дека пред пандемијата на коронавирус, овој синдром бил присутен кај две до шест лица на 100.000 луѓе помлади од 20 години во Европа.

Мал број слични случаи се пријавени во Европа и по вакцинирањето со Модерна и вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон.

Минатиот месец, комитетот за мониторинг на ЕМА истражуваше три нови можни несакани ефекти на мРНК вакцините Фајзер и Модерна, како што се проблеми со бубрезите и промени на кожата.

Во јули, ЕМА препорача две воспалителни нарушувања на срцето, миокардитис и перикардитис, да се додадат на листата на ретки потенцијални несакани ефекти на мРНК вакцините, објави РТ.

Слични содржини