Кинеската влада забрани промоција на „феминизирани“ мажи

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Кинеската влада забрани некои шоуа за таленти, како и „промовирање феминизирани мажи“ во обид да ја промени индустријата за забава за која веруваат дека може да има катастрофално влијание врз младите Кинези.

На телевизиските институции не им е дозволено да емитуваат содржини како што се разни емисии и реални шоуа, кои од децата прават sвезди, пренесе британски „Гардијан“, и тие забранија „ненормална естетика“, која промовира „феминизирани“ мажи, „вулгарни инфлуенсери“ и „морално „пропаднати“ изведувачи“. ..

Според објаснувањето, новите правила се воспоставени за да се решат наводните проблеми на изведувачите кои го кршат законот и моралните вредности и предизвикуваат „хаос меѓу фановите“, како и да се создаде „атмосфера на љубов кон Комунистичката партија и државата и почитување за моралот и уметноста“.

Шоуа за таленти стана главен феномен во Кина во последниве години, делумно затоа што продуцентите воведоа нови формати по примерот на Јужна Кореја и Велика Британија кои постигнаа голема популарност на кинескиот пазар.

Контроверзност и „искривена култура“

Исто така, постојат голем број контроверзии во Кина поврзани со популарните емисии. На пример, откако поп sвездата Крис Ву беше обвинет за силување, што тој го негира, неговиот профил на социјалната мрежа „Веибо“, каде што го следеа 52 милиони луѓе, беше избришан преку ноќ, а неговите песни беа отстранети од сите кинески страници за стриминг на музика. Кога бил уапсен, според кинеските медиуми, некои негови обожаватели направиле планови на Интернет да провалат во затворот и да го „спасат“.

Кинеската комунистичка партија одговори со издавање соопштение во кое се наведува дека овој пример покажува како мора да се коригира „искривената култура“ и дека создавањето чист и безбеден простор за повеќето корисници на Интернет, особено младите, бара заеднички напори на општеството како целина.

„Треба да работиме заедно за да воспоставиме правила за познатите личности и да го контролираме нивното влијание, да ја зајакнеме дисциплината во индустријата и да ги поттикнеме забавувачите да ги воспостават вистинските професионални вредности“, наведоа тие.

Минатиот месец, тие веќе отстранија над 150.000 „штетни информации“ од онлајн платформите и затворија над 1.300 групи за разговор.

„Фановите секогаш наоѓаат изговори за своите идоли, дури и кога се вклучени во криминални активности. Некои маркетинг профили паразитираат на индустријата, предводена од обожаватели. Се додека е профитабилно, пристрасни мислења ќе бидат објавувани на интернет“, рече Ши Венксу, критичар за културни теми од Пекинг.

Властите ги повикаа кинеските медиуми да „одолеат на прикажување богатство и озборувања, негативни жешки теми, вулгарни познати личности на Интернет“ и составија список од 24 програми што ги сметаат за најдобри, од кои многу се поврзани со кинескиот лидер Си Џинпинг.