Ние сме коалициски партнери со ГРОМ и нормално дека ќе бидеме во сериозни разговори со господинот Јакимовски за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник во општина Карпош, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „24 анализа“.
Според него, во моментов партијата се уште го мерат јавното мислење преку анкетите во општината.
-И денес анализираме со Јакимовски и се договоривме минус Карпош, насекаде да се поддржуваме и да имаме заеднички листи за советници, рече Мицкоски.
Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски попладнево објави дека ќе се кандидира за градоначалник во општина Карпош.
-Почитувани пријатели, сакам да ве известам дека одлучив да се кандирам за следен градоначалник на Општина Карпош на престојните локални избори, напиша Јакимовски на Фејсбук.