Јакимовски не му се лути на ВМРО-ДПМНЕ доколку не го поддржат во кандидатурата за Карпош

од Nikola Popovski
240 прегледи

Имам постигнати одлични резултати во 8-годишното владеење со општина Карпош, водам на моменталните анкети и затоа одлучив повторно да се кандидирам за градоначалник, изјави претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Тој потврди дека неговата партија ќе настапи и со своја листа на советници во општината.

-Многу граѓани ме охрабрија да се кандидирам. Ми се јавија дури луѓе со кои не сум се слушнал 3,4 години, вели Јакимовски и додава дека се уште не знае дали ќе биде поддржан од неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата во Карпош.

-Тие се уште се во фаза на утврдување на рејтинг листите, веројатно дополнително ќе одлучат. Ниту во иднина, ниту досега не сум се налутил. Аурата ми е таква да се борам против неколку политички ривали, рече Јакимовски, откако беше запрашан дали ќе му се налути на Мицкоски доколку најголемата опозициска партија оди со свој кандидат во општина Карпош.

Слични содржини