321
Алармот се огласи синоќа во рускиот модул „Звезда“ во Меѓународната вселенска станица, а екипажот пријави чад и мирис на изгорена пластика, се наведува во снимката од комуникацијата со Земјата, што ја објави НАСА.
Се уште не е откриена причината за чадот и мирисот. Екипажот го активираше системот за отстранување на штетните нечистотии од воздухот во внатрешноста на станицата.
Уредите подоцна укажаа на присуство на штетни материи во областа околу медицинската канцеларија во модулот „Звезда“.
Астронаутот Том Пеше изјави дека мирисот на изгорена пластика или електроника стигнал до американскиот дел од станицата од руската зона, поради работата на системот за вентилација.