Движењето “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” денеска ги објави кандидатите за градоначалници на Центар, Карпош и Зелениково.
-Проф. д-р Антони Новотни за Центар. Тој е редовен професор по психијатрија на Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, со долгогодишно работно искуство на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Претседател е на Македонското психијатриско здружение. Автор е на преку 50 научни трудови, презентирани на национално и на меѓународно ниво.Христа Најданов за Карпош. Тој е магистер по комуникации за културни политики со долгогодишно искуство во адвокатурата во областа на човековите права.Катерина Ѓорѓиевска за Зелениково. Таа е м-р по економски науки, инженер по шумарство.Овластен сметководител и успешна жена претприемач, која води сопствен бизнис, соопштија од “ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ”.