Николоски ветува брза железница од Скопје до Солун за час и половина

од Nikola Popovski
246 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ветува дека со спремни и стручни кадри и помош на Европската Унија ќе го реализираат голем проект за брза железница меѓу Солун, Скопје, Белград, Виена и остатокот од Европа.

-Пред месеци зборував дека мојот сон е помеѓу Скопје и Солун од едниот до другиот крај на географска Македонија да се патува за час и половина до два. Тогаш СДСМ велеше дека тоа е невозможно и ме навредуваше, за веќе утре да се потпишат на документ што ја потврдува мојата идеја и визија, објави Николоски на својот Фејсбук профил.

Тој испраќа порака до СДСМ.

-Во политиката најбитно е да имате визија и капацитет да го реализирате тоа за што сонувате, а го сака народот, се друго е неспособност, криминал и корупција. Затоа си одите, заклучува Николоски.