Меркел: Вучиќ не е личност која дава лажни ветувања, прашањето за Косово нема да исчезне

од Nikola Popovski
381 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Александар Вучиќ им се обратиле на медиумите по средбата во четири очи во Палатата на Србија. Меркел изјавила дека прашањето за Косово нема да исчезне и дека мора да се реши, а Вучиќ нагласил дека Србија е свесна за условот за влез во ЕУ.

„Членството во ЕУ е наша заедничка цел“, рече германската канцеларка.

Таа најавила 500.000 евра помош за обнова на Србија, по повод годишнината од нападот на Вермахт врз Југославија.

„Разговаравме за отворање нови поглавја во рамките на преговорите за членство и потребен е напредок во однос на владеењето на правото, а претседателот даде ветувања и планови“, истакна Меркел, наведувајќи дека претседателот Вучиќ не е личност која дава лажни ветувања, за што му е благодарна.

Една од темите на разговор бил Берлинскиот процес, кој не треба да го замени членството во ЕУ, туку да овозможи поголемо поврзување, додала Меркел.

Меркел рече дека ѝ е драго што слушнала дека Србија е активно ангажирана во судските реформи, додавајќи дека Европа е таа што треба да го оцени тоа.

„Гледаме напредок и резултати. Имаме голем геостратешки интерес сите овие земји во регионот да се приклучат кон ЕУ. Има и назадување, но исто така мора да имаме предвид колку е важен овој интерес за приближување на регионот до ЕУ“, рече Меркел.

На прашањето за Косово како услов за членство на Србија во ЕУ, Меркел вели:

„Некои прашања ќе бидат решени на крајот на еден процес, секој знае дека не сите земји на ЕУ го признаа Косово, прашањето мора да се реши со цел сегашните членки на ЕУ да одговорат потврдно на прашањето за пристапување на Србија во ЕУ. Јас сум за прагматичен пристап, прашањето за Косово нема да исчезне, мора да се реши, јас сум за патоказ во рамките на кој ќе се решат другите прашања“.

По Белград, Меркел оди во Тирана, каде што ќе се сретне со премиерите на земјите од Западен Балкан.

Слични содржини