215
Денеска германската канцеларка Ангела Меркел ја завршува посетата на Белград, од каде што ќе отпатува за Тирана.
Според Танјуг, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја придружува од аеродромот во Белград.
Претседателот, кој вчера попладне ја пречека Меркел со највисоки почести, на крајот од заедничкото обраќање до медиумите со Меркел рече дека Србија е нејзиниот втор дом.
По заедничката прес -конференција, Вучиќ и Меркел ги продолжија разговорите на работната вечера.
Во Тирана, Меркел ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, а средбите се планирани на ниво на премиер.