Папата: Некои вакцини се малку посилни од дестилирана вода

од Nikola Popovski
224 прегледи

Папата Франциск изјави денеска дека не му е јасно зошто толку многу луѓе, вклучително и некои кардинали на Римокатоличката црква, одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.

„Малку е чудно, бидејќи човештвото има добро искуство со вакцините низ историјата. Како деца, ние сме вакцинирани против сипаници, детска парализа. Сите деца беа имунизирани и никој ништо не рече“, рече папата при враќањето од Словачка, јавува Ројтерс.

Папата Франциск се вакцинираше против корона и често апелираше до светот да се вакцинираат за општо добро.

Тој рече дека некои луѓе можеби се жалеле на почетокот бидејќи имало многу различни вакцини, а некои се покажале како „малку посилни од дестилирана вода“, но тој не сакаше да каже за кои вакцини мисли.

„Дури и на колеџот за кардинали, има некои што се противат на (вакцините). Меѓутоа, еден од нив, бил хоспитализиран поради вирусот. Ова се иронијата на животот “, оцени папата Фрањо, кој не ги откри имињата на кардиналите кои не сакаа да се вакцинираат.

Кардиналот Рејмонд Бурк, конзервативен и скептик за вакцинација, беше хоспитализиран во САД минатиот месец, откако беше заразен со коронавирусот.

Некои конзервативни бискупи кои се против вакцина, особено во САД, рекоа дека католиците треба да имаат право на приговор на совеста поради верските убедувања.

Сепак, потсетува Ројтерс, папата во своите претходни обраќања бил јасен дека не се согласува со тоа и никогаш не ја споменал опцијата за приговор на совеста.

Слични содржини