ССМ: Засега нема стечај за „Баргала“, одлуката е скандалозна

од Nikola Popovski
198 прегледи

Иако до Сојузот на синдикатите на Македонија сеуште не е доставено Решението на Судијата Емил Пилатов во врска со поднесеното барање за отварање на стечајна постапка во АД Баргала Штип, тој во изјава за медиумите кратко одговорил : – ,, Нема стечај засега, ќе чекаме Апелација што ќе каже” што доколку се потврди е срамен скандал од невидени размери и огромна неправда спрема работниците, стои во соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Според нив, повеќе надлежни државни институции, меѓу кои и УЈП констатираа дека во Баргала АД Штип има неправилности во работењето од огромни размери ,што беше јавно објавено од директорката на УЈП ,ДИТ констатира низа неправилности и за истите донесе соодветни решенија и задолженија за работодавачот.

-За сите овие државни институции работењето во Баргала АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата поради што страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати , со незаконити отказни решеније и без стабилен статус и егзистенцијална иднина , а само судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев во целиот овој период на преиспитување на поднесената пријава за стечај и целокупната документација која беше доставена во прилог не видоа неправилности и кршење на законот.

Само за нив платата во износ од 600 денари која им е исплатена на работниците не значи прекршување на законот иако тоа е само 4% од минималната плата , односно на работниците не им е исплатена ниту минималната плата , туку раководството на АД Баргала го изиграло законот и ги искористило техничките недостатоци на системот на УЈП и исплатиле плата од 600 денари .

Оваа плата стечајниот судија ја третира како исполнување на обврските на работодавачот иако тоа не е така , тоа го занае и самиот тој , а му беше предочено и од претседателот на ССМ на судското рочиште, а му беше предочено и за блокираната сметка на АД Баргала повеќе од 700 дена што за судијата Пилатов не е доволен основ за отварање на стечајна постапка што е преседан во примена на правото и законите во државата .

Се сомневаме во стручноста на судијата и стечајниот управник да одлучуваат во постапката за стечај на АД Баргала , тие незаконито постапуваат на штета на околу 300 вработени и членовите на нивните семејства , но и не водат грижа за неплатените даноци , јавни давачки кои Баргала не ги подмирила кон државата што значи не водат грижа и за државниот и општествениот интерес за што треба и мора да се заинтересираат државните институции.

Ги повикуваме надлежните државни институции да го преиспитаат соодветноста на постапувањето на судијата и стечајниот управник , како и кои се причините судот да потпаѓа под влијание и да одлучува спротивно на доказите, извештаите и решенијата од надлежните државни институции за енормните прекршувања на законите во Баргала, односно наместо судијата да и служи на правдата, со своето несоодветно постапување всушност ги брани спротивно на закон бизнис интересите на одредени поединци – газди што укажува дека го штити беззаконието и самоволието во Баргала ,наспроти законите и работничките права.

Се сомневаме дека со ваквото решение, свесно се овозможува работниците од Баргала да ја доживеат судбината на работниците од Алкон текст, кога судот експресно ја затвори стечајната постапка поради немање на средства од каде да ги наплатат нивните побарувања, што очигледно поради Решението на Судијата денес, ќе се случи за многу брзо време и во Баргала АД Штип со оглед на информациите и сведоштвата на наши работници дека уште од вчера е започнато празнењето на халите во Баргала.

Се плашиме дека со овие несоодветни потапки на судии и стечајни управници се доведува во прашање кредибилитетот и независноста на Основниот суд во Штип во кој очигледно е развиена мрежа од поединци судии и стечајни управници која слугува на на газдите на АД Баргала и им овозможува безгрижно да уживаат додека работниците со месеци гласуваат и покрај решенијата за исплата на неисплатените плати и решенијата за враќање на работниците и работничките на своите работни места, велат од СДСМ.

Слични содржини