Во Ватикан наскоро може само со ковид-потврда, со еден исклучок

од Nikola Popovski
296 прегледи

Од 1 октомври, влезот во Ватикан ќе биде дозволен само за лица со валиден ковид-сертификат, објавено е во понеделникот.

Секој жител, вработен или посетител на Ватикан ќе мора да покаже потврда дека е вакциниран против Ковид -19, или го прележал коронавирусот или има негативен тест.

Ќе бидат признати ковид-сертификатот за ЕУ​, ватиканскиот „зелен пасош“ или други странски сертификати, објави земјата и објави дека ватиканската полиција ќе изврши проверки на влезовите.

Новите правила нема да важат само кога верниците присуствуваат на мисите и литургиските прослави во Ватикан. Тие се повикуваат да ги почитуваат правилата за хигиена.

Слични содржини