Германските политичари се шокирани од убиството на млад работник на бензинска пумпа, кој побарал од муштерија да стави заштитна маска. Тие предупредија против радикализацијата на луѓето што се противат на ограничувањата поради пандемијата Ковид-19, пренесува Ројтерс.
49-годишен Германец е уапсен по убиството на 20-годишниот вработен во бензинската пумпа, што се случи во саботата во западниот германски град Идар-Оберштајн.
Властите соопштија дека уапсениот ѝ рекол на полицијата дека пукал „во афект“, откако вработениот одбил да го послужи бидејќи немал маска кога сакал да купи пиво.
„Тој додаде за време на сослушувањето дека ги одбива мерки против коронавирусот“, соопшти полицијата во Трир.
Обврската за носење заштитни маски во продавниците е една од мерките во Германија во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.
Според полицијата, осомничениот ја напуштил бензинската по расправија со вработениот, но се вратил половина час подоцна со маска на лицето и го застрелал 20-годишниот работник на бензинската пумпа во главата.
Осомничениот, германски државјанин чие име не се соопштува, избегал од местото на настанот и во неделата наутро се предал на полицијата.
Аналена Бербок, германска кандидатка од Партијата на зелените од центарот на левицата за наследничка на канцеларката Ангела Меркел, изрази ужас од убиството. Федералните избори во Германија се закажани за в недела.
„Шокиран сум од ова ужасно убиство на млад човек кој само побара да се почитуваат важечките правила“, напиша Бербок на Твитер.
Mich erschüttert der furchtbare Mord an einem jungen Mann, der nur darum bat, die geltenden Regeln zu befolgen, umsichtig und solidarisch zu sein. Mein Mitgefühl gilt seiner Familie und seinen Nächsten.
— Annalena Baerbock (@ABaerbock) September 21, 2021
Таа, исто така, изрази загриженост поради радикализацијата на движењата составени од луѓе кои се противат на носење маски и вакцини, но и теоретичари на заговор и некои ултрадесни екстремисти.
Властите не кажаа дали осомничениот за убиството на бензинската пумпа е поврзан со движењето, кое е под строг надзор на германските безбедносни сили, по серијата големи антивладини протести, од кои некои беа насилни.
Обвинителството за германската новинска агенција dpa изјави дека осомничениот претходно не и бил познат на полицијата, како и дека нема дозвола за оружјето што е пронајдено во неговата куќа.
Пол Зjемјак, генерален секретар на Христијанско -демократската унија на Ангела Меркел, го нарече убиството „неразбирливо“.
„Еден млад човек беше ликвидиран затоа што ја посочи обврската да носи заштитна маска. Неразбирливо ниво на радикализација “, напиша тој на Твитер.
Eine unfassbare Tat, ein unfassbarer Anschlag. Ein junger Mensch wird nahezu hingerichtet, weil er auf die Maskenpflicht hinweist. Ein unfassbares Maß an Radikalisierung!
👇🏼https://t.co/hYV54OwVmB— Paul Ziemiak (@PaulZiemiak) September 21, 2021
Минатата недела, социјалната мрежа Фејсбук отстрани речиси 150 профили и страници поврзани со движењето Кверденкен, во согласност со новата регулатива која е фокусирана на групи што шират дезинформации или поттикнуваат насилство.