Расте бројот на заразени лица во Германија, повеќе од 10.600 пациенти за 24 часа

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Во Германија нови 10.696 лица се заразени со коронавирусот во последните 24 часа, објави Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Во изминатово деноноќие, 115 луѓе починаа од последиците од Ковид-19, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 93.238.

Германија регистрираше 4.171.666 случаи на инфекција од почетокот на епидемијата.