324
Две неексплодирани рачни бомби се пронајдени во Дебарца при уривање објект.
-На 22.09.2021 година во СВР Охрид, пријавено е дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебарца, пронајдени се експлозивни направи. По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за две неексплодирани рачни бомби, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.