УНИЦЕФ: Децата изгубија над 1,8 билиони училишни часови поради короната

од Nikola Popovski
426 прегледи

УНИЦЕФ постави дисплеј-бројач во седиштето на ОН во Њујорк, каде што се одржува генералната дебата на светските лидери, како дел од сесијата на Генералното собрание на ОН, за да предупреди дека децата ширум светот загубиле досега, според податоците, вкупно 1,842 милијарди училишни часови поради короната и мерките за локдаун.

Претставниците на сите делегации кои доаѓаат на Генералното собрание на ОН минуваат покрај таблата што ги брои изгубените часови „No Time to Lose“.

Биле поставени и празни училишни столчиња, а „Reopen Scools ASAP“ било напишано со големи букви на платото пред влезот во зградата.

Така, УНИЦЕФ ги повикува владите да ги отворат училиштата.

Централниот дел од инсталацијата е со, обликуван така што изгледа како табла на празна училница, која се наоѓа на Плоштадот на посетителите на ОН пред зградата на Генералното собрание.

Часовникот е бројач во реално време, што покажува зголемен кумулативен број часови за учење што секој ученик во светот ги изгубил и продолжува да ги губи од почетокот на пандемијата.

Празната училница се состои од 18 клупи, по една за секој месец поради образовните нарушувања предизвикани од пандемијата.

Слични содржини