Јужна Кореја ја прекинува традицијата на јадење кучиња: „Тоа е меѓународен срам“

од Nikola Popovski
235 прегледи

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин, љубител на кучиња, вели дека „дојде време“ оваа традиција да заврши.

Тој одлучи да ја забрани практиката на јадење месо од кучиња во земјата, бидејќи оваа традиција станува меѓународен срам, соопшти кабинетот на претседателот.

Кучешкото месо е една од состојките на јужнокорејската кујна и се проценува дека годишно се јадат околу милион кучиња. Потрошувачката на ова месо почна да опаѓа бидејќи Јужнокорејците почнаа да ги чуваат кучињата како домашни миленичиња, а не како стока за колење.

Оваа практика стана табу и меѓу помладите генерации и притисокот од активистите за правата на животните се засили.

„Зарем не дојде време да се размисли за забрана на потрошувачката на кучешко месо“, го праша Мун премиерот Ким Бу-Ким за време на денешната средба, пренесува АФП.

Јужнокорејската индустрија за миленичиња е во пораст и се повеќе луѓе чуваат кучиња како домашни миленици. Еден од нив е претседателот, кој е познат како голем љубител на кучиња и има неколку во својата резиденција, вклучувајќи го и оној што го спаси кога му започна мандатот.

Во изборната кампања, Мун вети дека ќе ја посвои Тори, со што стана првото „спасено“ куче што влезе во Сината куќа.

Мун предложи забрана за консумирање кучешко месо откако го слушна планот за подобрување на грижата за напуштените кучиња во земјата, рече неговата портпаролка.

Законот за заштита на животните во Јужна Кореја главно се однесува на спречување на брутално убивање кучиња и мачки, но не и за забрана за јадење на нивното месо.

Во пресрет на Олимпијадата во Пјонгчанг во 2018 година, властите ги затворија фармите за кучиња и рестораните што ги служат овие „специјалитети“ со цел да се избегне бесот на меѓународната јавност.

Фото: Profimedia

Слични содржини