ЦИА планирала да го киднапира Асанж, се размислувало и за убиство

од Nikola Popovski
280 прегледи

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) разгледувала опции за атентат или киднапирање на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во 2017 година, јавува „Yahoo News“. Наводно, тогашниот директор на ЦИА, а подоцна и државен секретар, Мајк Помпео барал одмазда откако Викиликс објави тајни документи на ЦИА. Тој често објавувал информации што ги добиваше од руската разузнавачка агенција. Асанж во тоа време бил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Во 2017 година, ЦИА, наводно, ги известила високите функционери во администрацијата на Трамп за своите намери, а директна причина била објавувањето на илјадници страници на тајни документи на Викиликс во 2017 година, кои биле хакирани, а во кои се зборувалп за тајни техники за прислушување и следење на луѓе (Vault 7 leak).

Таа година, Мајк Помпео го прогласи Викиликс за „недржавна непријателска разузнавачка служба“, што значи дека може да се користат многу агресивни акции што се користат против странските државни разузнавачки агенции.

„Помпео и многу други во администрацијата на Трамп беа многу засрамени поради објавувањето документи во Vault 7 на Викиликс и беа желни за крвава одмазда“, изјавил еден поранешен агент на ЦИА.

Планот за атентат бил отфрлен

Џулијан Асанж живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година, откако Шведска побара негова екстрадиција за наводна сексуална злоупотреба. Асанж тврдеше дека тоа е лага и дека Швеѓаните сакаат да го екстрадираат во САД каде што веќе беше обвинет за објавување тајни документи. САД тогаш тврдеа дека имаат информации дека Русија има намера да го прошверцува Асанж од Велика Британија во Москва. Едно можно сценарио за спречување на ова бегство беше вооружената битка со руските агенти на улиците во Лондон.

На крајот, плановите за атентат беа отфрлени поради правна загриженост меѓу високите соработници на Трамп.

Британците го уапсија Асанж во 2019 година, откако Еквадор ја повлече заштитата на основачот на Викиликс. Тој се уште е во затвор во Лондон, а во јануари британски судија го одби барањето на САД за екстрадиција.

Фото: Matthew Chattle/Barcroft/Getty Images

Слични содржини