TikTok со милијарда активни корисници месечно

од Vladimir Zorba
269 прегледи

TikTok има милијарда активни корисници ширум светот секој месец, потврди кинеската компанија ByteDance, која бележи постојан раст на популарноста на нејзината апликација за размена на кратки видео содржини, пренесе CNBC.

Растот на бројот на корисници на TikTok, кој е во приватна сопственост на ByteDance, беше поддржан и од голем број Американци кои се приклучија на социјалната мрежа за време на пандемијата Ковид -19.

На почетокот на 2018 година, TikTok објави дека има речиси 55 милиони корисници на глобално ниво, и тој број се зголеми на повеќе од 271 милиони до крајот на истата година и на 507 милиони до крајот на следната година. Компанијата минатото лето објави дека стекнала скоро 700 милиони активни корисници месечно.

Во извештајот на американската телевизија за масата на корисници на TikTok, како споредба е наведено дека Facebook има 3,51 милијарди месечни корисници во рамките на „семејството“ на своите различни апликации во вториот квартал од оваа година, наспроти 3,45 милијарди во првиот квартал.

Понатаму се наведува дека кинеската компанија лансираше една од најуспешните апликации за објавување кратки видео формати и дека многу од нејзините големи технолошки ривали се тркаат да направат сопствени верзии.

Во тој контекст, се наведува дека Facebook ова лето лансираше клон верзија на TikTok – Instagram Reels, Snapchat исто така најави слична функција наречена Spotlight, додека YouTube го лансираше својот адут за кратки видеа – апликацијата Shorts – пред една година.

Слични содржини