254
Српската полиција уапсила две машки лица на возраст од 21 и 39 години, поради сомнение дека сториле кривично дело изнуда, пренесуваат тамошни медиуми.
Како што соопштило полициското одделение Бор, 39-годишникот е осомничен дека на 26 и 27 септември повеќе пати му се јавувал на 58-годишник и му кажувал дека второосомничениот бил киднапиран од страна на непознати лица од Нови Сад, кои за него барале 1.000 евра.