223
Пожар избувнал во подрумот на зградата на Народната банка во центарот на Белград, јавува новинарот на РТС. Пожарникарските екипи се на терен. Нема повредени, потврдено е во МВР.
По избувнувањето на пожарот, зградата на Народната банка била евакуирана. На лице место биле 16 пожарникари и три противпожарни возила.
Како што потврди МВР за Блиц, избувнал пожар во подрумот на зградата кадешто бил запален смет.
Пријавата за пожарот е примена во 8.40 часот.