Последниот филм за Џејмс Бонд доби позитивни критики

од VIktor_P
303 прегледи

Петтиот и последен филм на Даниел Крег за Џејмс Бонд, „No Time To Die“, доби позитивни критики од критичарите, пренесе „Би-Би-Си“.

Филмот беше премиерно прикажан во Ројал Алберт Хол, по неколку одложувања предизвикани од ковид пандемијата.

Во својата рецензија за филмот со пет ѕвезди, Кевин Махер од The ​​Times рече:

– Подобро од добро е. Тоа е величествено.

Но, иако повеќето критичари беа позитивни, некои сугерираа дека филмот не го оправдува своето времетраење од 163 минути.