Лепа Брена емотивно за смртта на директорот на Белградската филхармонија

од VIktor_P
413 прегледи

Директорот на Белградската филхармонија и поранешен министер за култура и информации, Иван Тасовац, ненадејно почина синоќа во својот дом во Белград, што ја потресе јавноста, пренесуваат тамошните медиуми.

Лепа Брена, која со години го познавала Тасовац, напиша емотивна порака на својот Инстаграм профил.

– Тешко време! Ни заминуваат најдобрите. Тешко е повеќе да се бираат зборовите. Да се познаваат луѓе и професионално и приватно е големо богатство. Тасовац беше феноменален и оригинален и на двете страни. Жал ми е што си замина толку рано. Моето искрено сочувство до семејството – напиша пејачката.