За Вучиќ зборовите на Курти се комплимент

од VIktor_P
959 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека никој не може да му даде таков комплимент како што тоа го направи Албин Курти. Премиерот на Косово рече дека независно Косово има проблем со еден човек, кој има име и презиме, а тоа е Александар Вучиќ, пренесуваат српски медиуми.

На прашањето да ја коментира изјавата на Курти, Вучиќ рекол дека можела да се види целата нервоза на Курти.

– Му возвраќам на Курти затоа што рече дека независно Косово има проблем со еден човек. Никој друг не може да ми даде таков комплимент. Ќе продолжам да ја работам мојата работа за поврзување луѓе, зачувување на виталните српски интереси, да го навредувам … можам да му одговорам в лице, а да глумам херој пред новинарите, не ми паѓа на памет – рекол Вучиќ, пренесуваат медиумите.

Слични содржини