Фејсбук се огласи по „падот“ на најпознатите социјални мрежи

од Nikola Popovski
558 прегледи

Корисниците на дигиталните платформи Инстаграм, Фејсбук и ВатсАп во моментов имаат проблеми и не можат да ги користат.

Почетните страници на овие дигитални платформи не можат да се отворат, а „падот“ се случи нешто пред 18 часот.

„Eror“ се чита на почетните страници, а праќањето пораки е оневозможено.

Непосредно пред 18.30 часот, се огласи компанијата Фејсбук на Твитер.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, објавено е од Фејсбук.

Слични содржини