„ДОБИТНИКОТ“ од падот на Фејсбук: Дури 70 милиони КОРИСНИЦИ се префрлија на друга апликација

од Nikola Popovski
753 прегледи

Руската апликација за пораки Телеграм доби повеќе од 70 милиони нови корисници за време на шестчасовниот прекин на социјалната мрежа Фејсбук, изјави основачот на Телеграм, Павел Дуров, пренесува Радио Слободна Европа.

Фејсбук наведе дека прекинот на работата се должи на погрешна промена во конфигурацијата.

За време на прекинот, околу 3,5 милијарди корисници на Ватсап, Месинџер и Инстаграм не можеа да пристапат до нивните профили.

-Секојдневниот раст на Телеграм ги надмина нормите во однос на обемот и за еден ден примивме повеќе од 70 милиони „бегалци“ од различни платформи, напиша Дуров на својот профил на Телеграм.

Слични содржини