349
Австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага за давање мито, објавија во средата антикорупциските инспектори откако извршија претрес во зградата на Конзервативната партија на Курц и канцелариите на неколку негови најблиски соработници.
Со истрагата се опфатени уште девет лица, соопштија обвинителите.
Австриските медиуми објавија дека обвинителите се сомневаат дека министерството за финансии платило за реклами во еден таблоид во замена за следење и фаворизирање на Курц и неговата партија во анкетите.