Николоски: Jас сум подготвен да и помогнам на државата, но слабо ме користат

од Берта Китинска
757 прегледи

Факт е дека многу време се изгуби, Македонија имаше многу можности. Се менуваат работите, но и работите не се поправаат нема стимул за проширување во ЕУ кога стигаат лошите вести и од Макeдонија и од соседните земји, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во „Само Интервју“.

-Бев првиот кој кажа дека проширување нама да има уште во 2018 година, кажав дека нема да има датум за преговри со ЕУ дури и да се реши спрот со името, никој не ги слушаше тие работи до денес не сум повикан од ниеден државен функционер за да ме прашаат како четири години ја погодуваш работава и од кај ти се информациите. Јас сум подготвен да им помогнам на државата, но слабо ме користат, вели Николоски.

Слични содржини