Неколку луѓе загинаа во силна експлозија што се случи денеска во џамија во градот Кундуз во Авганистан, пренесуваат светските агенции.
Извор на АП потврди дека експлозијата се случила во шиитската џамија во Кундуз, главниот град на истоимената провинција на северот на земјата.
Очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва.
Талибанските безбедносни сили ја блокираа областа како мерка на претпазливост.
Се уште ниедна група не ја презеде одговорноста за нападот.