Села: Таравари нема да падне, затоа што е прв во Гостивар

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива во рамки на предизборните активности синоќа во Гостивар одржа предизборен собир со жителите на населбите Леска и Дутлок. Пред партиски членови и симпатизери, беа претставени делови од предизборната програма „Трансформиран Гостивар“.

На собирот зборуваше и лидерот на политичката партија „Алијанса за албанците Зијадин Сеља кој истакна дека победата во Гостивар е јасна и
дека тоа ќе се случи во сите општини од Струга до Липково.

– Знам дека во Гостивар работата е завршена и знам промените ќе продолжат, а Гостивар ќе ја најави победата на Алијанса на овие избори. Победата од Гостивар ќе се пренесе во Струга и секоја општина до Липково. Конечно дојде времето на демократија, слобода, надеж кои доаѓаат со овие промени. Политичките противници попусто трошат време, бидејќи Арбен Таравари нема да падне, затоа што е прв во Гостивар и ќе победи уште во првиот круг, рече Сеља.

Слични содржини