Макрон: Сакаме да ја укинеме смртната во цел свет

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе организира самит за укинување на смртната казна во светот.

„Објавувам дека на 9 октомври Франција ќе ја продолжи борбата за универзално укинување на смртната казна“, рече Макрон во говорот во Париз по повод 40 -годишнината од укинувањето на смртната казна во Франција.

Тој рече дека како дел од француското претседателство со Европската унија во првата половина на 2022 година, ќе организира самит во Париз со невладината организација „Заедно против смртната казна“ за да ги собере граѓанските општества на земји кои се уште спроведуваат смртна казна или имаат на сила мораториум со цел да ги убеди нивните водачи во важноста и итноста на нејзиното укинување.

Роберт Бадинтер, поранешен француски министер за правда, кој е заслужен за укинување на смртната казна во земјата во 1981 година, рече дека е апсолутно убеден дека смртната казна ќе исчезне во светот, бидејќи тоа е срам за човештвото.

„Таа не го штити општеството, го срами“, рече Бадинтер во говорот во Пантеонот, споменик на француските великани. Макрон потсети дека во 1981 година, Франција беше 35 -та земја во светот што ја укинала смртната казна.

„Досега, 106 држави го направија тоа, а 50 прогласија де јуре или де факто мораториум на егзекуциите“, рече Макрон.

Изрази жалење што минатата година беа спроведени најмалку 483 смртни казни во 33 земји во светот.

Меѓу другите, во сила е смртната казна во Кина, САД и Индија.