Уапсени петмина осомничени за тероризам во Приштина, пронајдени експлозиви и беспилотни летала

од Vladimir Zorba
493 прегледи

Приштинските власти уапсија пет лица осомничени за подготвување терористички акти и илегално поседување оружје, за што ќе им биде одредена мерка притвор.

Специјалното обвинителство во Приштина објави дека полициската администрација за борба против тероризмот открила експлозив, беспилотни летала и противтенковско оружје за време на рацијата.

Уапсени се и осомничени за кривично дело „увоз, извоз, снабдување, транспорт, производство, размена, посредување или неовластена продажба на оружје или распрскувачки материи“.

Специјалното обвинителство ќе поднесе барање за притвор за петмина приведени.

Во соопштението не се наведува кои се уапсените лица, од каде се, каде се уапсени и на која локација е пронајдено оружјето.

Слични содржини