По оставката, платата на Курц е помала за 7.238 евра

од Nikola Popovski
687 прегледи

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, ќе му биде драстично намалена платата откако поднесе оставка од функцијата канцелар.

Како канцелар, Курц примал 14 пати годишно месечна плата од 22.618 евра.

Со преселбата во собраниските клупи, сега ќе добива „само“ 9.228 евра бруто, месечно, како пратеник.

Бидејќи ќе ја преземе функцијата шеф на парламентарниот клуб, неговиот приход ќе изнесува вкупно 15.380 евра бруто на месечно ниво.

Тоа е „минус“ во неговиот паричник за 7.238 евра месечно.

За касата на клубот, тој мора да издвои 3,5 проценти од својот приход.

Слични содржини