Германија регистрираше 4.971 нови случаи на инфекција со корона вирус, објави денеска Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Во претходните 24 часа, 88 лица починаа од Ковид-19, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 94.297.
Од почетокот на пандемијата, Германија регистрираше 4.318.355 случаи на инфекција со коронавирус.