Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) изрази целосна доверба во директорката Кристалина Георгиева по ревизијата на обвинувањата дека извршила притисок врз вработените во Светска банка да ги сменат податоците во корист на Кина.
Одборот издаде соопштение за состаноците одржани минатата недела во врска со постапките на Георгиева додека таа беше директор на Светската банка, што го доведе во прашање нејзиното раководство со ММФ.
Георгиева ја поздрави одлуката на Извршниот одбор на ММФ и изрази задоволство што членовите се согласија дека обвинувањата против неа се неосновани.
Таа доби поддршка од Франција и другите европски администрации минатата недела, но јапонските и американските власти побараа подетално разгледување на обвинувањата.
По одлуката на Извршниот одбор, американската министерка за финансии, Џенет Јелен, ја извести Георгиева дека внимателно ќе ја следи работата на ММФ и ќе ги процени сите нови факти и откритија и побара да се преземат чекори за зајакнување на интегритетот и кредибилитетот на податоците на таа институција.
Резултатите од истрагата на адвокатската фирма „Вилмер Хејл“ покажаа дека Георгиева манипулирала со податоците во корист на Кина додека била на функцијата во Светската банка.
Етичкиот комитет на Светска банка контактираше со адвокатската канцеларија откако беше утврдено дека нацрт -извештаите за рангирање на земјите врз основа на водење бизнис се спорни.
По извештајот на „Вилмер Хејл“, поранешниот функционер на Светска банка, Пол Ромер поднесе оставка.
„Вилмер Хејл“ откри дека Георгиева, нејзиниот соработник Симеон Џанков и тогашниот претседател на Светска банка Јонг Џим вршеле притисок врз персоналот да ги промени пресметките на рангот на Кина за да го избегнат бесот на Пекинг.
Притисокот врз вработените дојде во време кога се водеа чувствителни преговори со Пекинг во врска со зголемувањето на капиталот на Банката.