Пазарот на криптовалути порасна за 4,7%

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Пазарот на криптовалути ја зголеми својата вредност за 4,7 проценти во последните 24 часа, по вчерашниот пад од помалку од 1 процент.

Биткоинот ги обнови вчерашните загуби, а денес, според веб-страницата „Коингеко“, се тргува по цена од 57.786 долари, што значи дека неговата вредност пораснала за 4,5 проценти.

Етереумот исто така е во „плус“ од утрово, откако ја зголеми својата вредност за 4,8 проценти во изминатиот ден и во моментов е проценет на 3.632 долари.